Уште еден турски воен конвој влезе во Сирија

Од:

Турски воен конвој ја помина границата со Сирија. Во конвојот има 40 оклопни возила, меѓу кои и тенкови, јави телевизијата “Ал Арабија”.

Конвојот влезе во Сирија на преминот Кафр Лусеин во северната сириска провинција Идлиб.

Истата телевизија пред пет дена објави дека турски конвој од 30 возила со опрема ја премина границата со Сирија.

Идлиб е единствената територија во Сирија, која сè уште е под контрола на вооружени нелегални групи, а во покраината има 12 турски набљудувачки места.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Албанија формира резервни воени единици

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски