(ВИДЕО): Љутков: СДСМ со Предлог-законот за култура ги брише националниот и државниот интерес во културата

Од:

Предлог-законот за култура којшто од следната работна недела треба да се најде пред пратениците, воопшто не ги исполнува методолошките и номотехничките стандарди за изработка на прописи од ваков тип, изјави Зоран Љутков.

Според него, правните празнини и недоречености во него отвораат можност за мноштво проблеми во неговото спроведување, односно за негово толкување, што отвора простор за арбитрирање на власта во процесот на толкување и примена на едно вакво законско решение кое ја регулира клучна идентитетска област на една современа држава.

„Целосното бришење и ништење на националниот и државниот интерес во културата е без преседан во законодавствата на европските и современите демократии.

Без општ консензус во дефинирањето на државниот, националниот и јавниот интерес, ваков закон уште на самиот почеток е неодржлив“, рече Љутков.

Според него, се наметнува впечатокот дека со ваков закон власта се обидува да ја „ослободи“ државата од бројни важни и репрезентативни национални установи, препуштајќи ги на локалните самоуправи – без неопходна и издржана анализа, без соодветна стратегија и методологија, без диференција на установите и нивната државна, регионална и локална важност.

„Истовремено, Предлог-законот ги укинува и националните пензии на врвни репрезентативи на македонската култура, со дрско образложение дека тие не придонесуваат за развој на културата, сметајќи ги за ставка трошок во државниот буџет“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ

СДСМ: Владата им подготвува историска имама на пензионерите

(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата