Патувачка изложба „Патот на Сефардите“ во Велес

Од:

„Патот на Сефардите“ или „Патот на Евреите од Шпанија“ е изложба која попладнево беше претставена во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.

На изложбата, на 20 големи паноа со фотографии во боја беа прикажани градови во Шпанија каде што живееле Евреите Сефарди.

Изложбата ја презентира Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, а во реализација на шпанското здружение „Каминос Де Сефарад“.

Како што појасни за МИА Жаклина Муџева од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите, целта е публиката да се запознае со животот на Евреите во Шпанија, да ја видат прекрасната архитектурата и се’ она што ги имале како нематеријално и материјално кутурно наследство.

Овие фотографии претставени на изложбата се убав колаж од животното секојдневие на Евреите Сеферди во Шпанија.

Изложбата била претставена во големите европски градови па и Јапонија.

Изложбата ја добивме преку Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје по повод 25 години од нејзиното отворање во земјава, а премиерно беше отворена лани ви јули во Скопје, рече Муџева.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка