Европската Комисија соопшти дека мобилизирала десет милиони евра од програмата Хоризон 2020 за поддршка на истражувања за коронавирусот.
Фондовите се мобилизирани по итно барање за да се одговори соодветно и да се менеџира со заразените пациенти, како и да се подобри подготвеноста на јавното здравство во ЕУ.
Работиме за да ги ублажиме последиците од можно поголемо проширување на коронавирусот во ЕУ. Благодарение на итните фондови за истражување од Хоризон 2020 ќе дознаеме повеќе за болеста.
Горда сум што по постигнатиот напредок од последните години, нашите центри со суперкомпјутери се подготвени да им помогнат на научниците во нивната работа за развивање на нови третмани и вакцини, изјави еврокомесарката за иновација, Марија Габриел.
Еврокомесарката за здравство, Стела Кирикиадес, од своја страна, додаде дека е потребно да се подобри знаењето за вирусот за да се обезбеди подобра грижа за граѓаните и да се воведат ефикасни превентивни мерки.
Фондовите ќе се доделат на два до четири проекти, повикот за апликации е отворен до 12 февруари.