Комеморација за Македонската кошаркарска легенда утре во 12 часот во хотел „Хилтон“

Од:

Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Македонскиот Олимписки Комитет и Град Скопје утре во 12 часот ќе организираат комеморативна седница за трагично загинатиот Благоја Георгиевски-Буштур.

Комеморацијата е закажана во салата „Платинум“ во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Македонската кошаркарска легенда го загуби животот во синоќешната сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода.

Георгиевски загубил контрола врз возилото на лизгавиот коловоз, излетал од патот и удрил во бетонски блок при што починал на лице место.

Благоја Георгиевски, роден на 15 октомври 1950 година во Скопје, долги години беше член на “Работнички”, а со успех настапуваше и за југословенската репрезентација со која има сребрен медал на Европското првенство во 1971 година.

Има и сребрен медал од Олимпијадата во 1976 година.

Во независна Македонија беше селектор на сениорската репрезентација, тренер во неколку клубови, а подоцна и истакнат спортски работник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лечиќ, Буштур, Богоевски, Насев и Костовски одликувани со „Медал за заслуги“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски