Брегу: Одливот на „мозоци“ е најголем предизвик за Западен Балкан

Од:

Вкупниот број на работоспособно население на Западен Балкан е намалено за 400 илјади луѓе во последните пет години, а одливот на квалификувани кадри е најголемиот предизвик во оваа деценија за Западен Балкан, изјави денеска во Сараево генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.

Зборувајќи на регионална конференција посветена на намалување на сивата зона на вработени што ја организира РСС во соработка со Меѓународната организација на трудот (МОТ), Брегу појасни дека оваа бројка се должи на негативниот природен прираст, но и на забрзаните процеси на миграции.

„Според Светска банка речиси половина од компаниите во регионот, 49, 2 отсто, се натпреваруваат со неформални компании. Стапката на неформалното вработување во регионот се движи од 18 до 30 отсто“, рече Брегу.

Таа додаде дека според официјалните податоци „во изминатите седум година на Западен Балкан се отворени повеќе од 700 илјади нови работни места и дека стапката на невработеност во целиот регион е намалена од 23 на 16 отсто…Меѓутоа, не сите ги почувствуваа предностите на овие економски подобрувања на пазарот на трудот во изминатата деценија“.

На регионалната конференција на која учествуваат министрите за труд и социјална политика од земјите од Западен Балкан беше претставен проектот ЕСАП2 – Платформа за вработување и социјални прашања, што го спроведува РСС со помош на МОТ и со финасиска поддршка од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ