Поголема група мигранти ја пробија оградата на српско-унгарскиот премин Хоргош-Реске 2, а унгарските полицајци пукаа во знак на предупредување.
Како што соопшти унгарската полиција, две групи мигранти утрово околу пет часот и 30 минути се обиделе незаконски да влезат на територијата на Унгарија во близина на граничниот премин Хоргош 2- Реске 2.
Околу 60 мигранти ја пробија оградата во време кога граничниот премин Хоргош 2 е затворен, а унгарските полицајци истрелаа неколку куршуми во воздух во знак на предупредување, што ги спречи мигрантите нелегално да влезат во Унгарија.
Поради инцидентот уапсени се четири лица, а преминот Хоргош 2 – Реске 2 е затворен.