Екипите на Металург и на КЛ7 се победници на првиот меѓународен турнир за млади ракометари “КЛ7 2020” одржан викендот во Скопје.
На турнирот учествуваа пет клуба со осум екипи во две категории: 2002 и помали, 2004 и помали.
Во конкуренција на ракометари родени 2004 и помлади наградите ги добија победи Металург пред КЛ7 и вардар. Најдобар голман е Иван Галевски (РК КЛ7), најдобар стрелец Славчо Шулески (РК КЛ7), најдобар играч: Андреј Стојановски (РК Металург).
Кај генерација 2002 и помали победник е тимот на РК КЛ7 пред РК Металург и РК ПИК Сегед (Унгарија). Најдобар голман е Марк Бицок (РК ПИК Сегед), најдобар стрелец Емилијан Ѓорговски (РК КЛ7), најдобар играч: Стефан Додиќ (РК Металург).
Признанијата на најуспешните ги врачија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров.