Бил Гејтс ќе донира 10 милиони долари за борба против коронавирусот

Од:

Основачот на „Мајкрософт“, милијардерот Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда ќе донираат 10 милиони американски долари за мерки против ширење на коронавирусот во Кина и Африка, се наведува во соопштение објавено на веб-страницата на фондацијата.

– Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс денеска објави дека ќе додели 10 милиони американски долари помош и соодветна техничка поддршка за да им помогне на оние кои се борат со ширењето на вирусот во Кина и Африка. Ова ќе ги зајакне напорите за спречување на глобалното ширење на коронавирусот, се наведува во соопштението.

Средствата ќе бидат поделени подеднакво помеѓу Кина и центрите за контрола и спречување на болести во Африка.

Најмалку 80 лица починаа од коронавирусот, а само во Кина се заразени 2.744 лица.

Вирусот од Кина продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД.

Засега нема смртни случаи надвор од Кина, додека заразенисе регистрирани во Хонг Конг, Макао, Тајван, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, САД, Канада, Виетнам, Сингапур, Непал, Австралија, Малезија и Франција.

Околу 60 милиони луѓе се во делумен или целосен карантин, бидејќи кинеските власти забранија влез и излез од градот Вухан, каде што се појави вирусот.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски