Во Маврови Анови и на Попова Шапка измерени 10 сантиметри снег

Од:

Највисока снежна покривка од 10 сантиметри утрово е измерена на Попова Шапка и во Маврови Анови, а четири сантиметри се измерени во Лазарополе.

Температурите на воздухот утрово секаде во земјава се над нулата, 1 степен е измерен во Берово, 2 во Крушево, 3 во Струмица, Тетово и Крива Паланка, 4 во Скопје, Охрид, Битола, Куманово, 5 во Претор, Штип, 6 во Виница, 7 во Гевгелија и 9 во Демир Капија.

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во попладневни часови постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Доцна попладне и кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе достигне осум степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски