ВМРО-ДПМНЕ: Со соопштенија, СДСМ не може да се сокрие дека повеќе од 500.000 граѓани денот го поминуваат со еден оброк

Од:

„Единствен успех на СДСМ за овие три години е што граѓаните на Република Македонија земаат најниска просечна плата на Балканот.

Со празните соопштенија на СДСМ не може да се сокрие фактот дека повеќе од 500.000 граѓани денот го поминуваат со еден оброк, односно животот го поминуваат во сиромаштија.

Вештачкото покачување на минималната плата не е доволно, бидејќи јавна тајна е што илјадници граѓани кои земаат субвенцинионирана минимална плата го враќаат делот од плата субвенциониран од државата назад кај работодавците“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните не забораваат дека причината за високата невработеност која што со години не може да се доведе на нормално ниво е токму поради криминалната транзиција која ја спроведе СДСМ.

Капиталните инвестиции се на очајно ниско ниво, реализацијата на буџетот изминатите три години го достигна дното.

Годината која Зоран Заев ја најави како економска бизнисмените ја прогласија за најлоша во историјата на независната Македонија.

По 12-ти април ќе започне обновата на Република Македонија, граѓаните ќе добијат реални мерки со кои што нивниот живот ќе се подобри.

Зоран Заев никогаш повеќе!“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он