Мишел предлага три столба за отворање на процесот на преговори со Македонија

Од:

Претседателот на Советот на Европa Шарл Мишел при посетата на земјава, на заедничка прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски рече дека во неговиот мандат ќе се залага за отварање на процесот на предпристапните преговори со Македонија и во таа насока до Европскиот Совет ќе предложи стратегија базирана на три столба.

Првиот столб е следните недели и месеци фокус на процесот на реформа на моделот на проширување и негова модернизација.

„Констатирав дека има повеќе европски држави кои сметаат дека треба да дадат поголемо лидерство на овој процес, повеќе опипливи резултати и да направиме односите да се развиваат во взаемен интерес“, рече Мишел.

Вториот столб е прашањето за старт на преговори со Македонија и со Албанија кое треба повторно да биде поставено, а во таа насока реформите и борбата против корупцијата и криминалот мора да продолжат и во наредните месеци.

Третиот столб, како што кажа Мишел, е Европската Унија да донесе стратегија за инвестиции и за раст на Западен Балкан.

Пендаровски му се заблагодари на Мишел за јавната поддршка за старт на пристапните преговори и поддрата за проширување на Европската Унија. Тој се надева дека во март ќе биде усвоена новата методологија за водење на претпристапните преговори која Македонија е подготвена да ја прифати.

„Наскоро стануваме полноправна членка на НАТО, со што го заокружуваме исполнувањето на едната од нашите две стратешки цели на кои работиме со децении. Се надевам дека оваа пролет ќе ни донесе позитивни вести и за нашата втора стратешка цел – членството во ЕУ“, рече претседателот Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он