Нови смерници на интеграција за идните доселеници во Германија

Од:

Недостигот од стручна работна сила се смета за еден од најголемите деловни ризици во Германија. Од таа причина, владата планира да го унапреди процесот на доселување на квалификувани работницимеѓу другото со понуда на јазични курсеви и информативна работа во земјите на нивно потекло и транзитните држави.

„Наша цел е уште пред доселувањето да ги поставиме смерниците на интеграцијата“, изјави сојузната ополномоштеничка за интеграција, Мауц, откако владата во средата го усвои првиот дел од Националниот акциски план за интеграција, чија цел е Германија да стане атрактивна цел за стручњаците. Во усвоениот документ стои: „Уште пред потенцијалните доселеници да донесат одлука да дојдат во Германија, треба што е можно поопсежно да бидат информирани и запознати за животот во земјата“. Германија се наоѓа во состојба на конкуренција со други земји околу придобивањето на стручњаците, истакна владиниот портпарол Штефан Зајберт, додавајќи: „Но, ние истовремено сакаме луѓето да не стигнуваат кај нас полни со илузии.“ Во 2015 и во 2016 година кај мигрантите беа присутни делумно „целосно погрешни очекувања“, потенцира Зајберт. Целта е на луѓето да им се потенцира на пример важноста на познавањето на германскиот јазик за идната професионална иднина, а притоа не станува збор за мерка на одвраќање.

Целокупниот Акциски план се состои од пет фази и треба да опфати теми како првична интеграција и вклопување на идните доселеници во новиот живот. Во проектот учествуваат преку 300 актери од сојузната држава, покраините, општини, социјални партнери и цивилното општество. Сојузната влада го истакнува посебно уделот на околу 75 организации за миграција. Планот го координира Видман-Мауц.

На 1. март во сила треба да стапи Законот за доселување на стручна работна сила, кој треба да им го олесни патот до Германија на квалификуваните работници од државите надвор од ЕУ. Со него Германија се надоврзува на искуствата на класичните доселенички земји и стреми кон „сигурна, регулирана и регуларна миграција“, како што се истакнува во неговото образложение- пренесe Дојче Веле.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“