Осум лица починаа, а осум други се тешко болни откако консумирале домашен алкохол во покраината Западна Јава во Индонезија, јавија локалните медиуми.
Жртвите се разболеле во четвртокот, откако пиеле алкохолен пијалак направен дома мешан со енергетски пијалаци, на роденденска прослава на еден од нив во областа Тасикмалаја, информира Нана Суприатна, локален службеник.
– Тие пиеле заедно за да прослават роденден и четворица од нив починаа истиот ден, рече Нана.
Локалните медиуми објавија дека осумте лица кои сè уште се во болница се во критична состојба.
Голем број Индонезијци секоја година умираат по консумирање пијалаци што се приготвуваат дома, честопати полни со различни токсични материи, вклучително и течност против комарци.