Охрид нема пари за да ја урне дивоизградената база на Усеини

Од:

Дивоизградената бетонската база во сопственост на бизнисменот и советник од Општина Охрид, Нефи Усеини, нема да се урива набргу. Парите што останале во постојниот план, наменети за уривање дивоградби, се премалку за да се отстрани базата, која ниту Усеини нема во план да ја дислоцира, дознава „А1он“. Охрид не може да распише ниту тендер за избор на нова фирма бидејќи во буџетот има останато уште пари за уривање.

Усеини ги нема потребните дозволи за базата, кои треба да бидат издадени од Општината, но и од другите надлежни институции. Базата за производство на бетон се наоѓа на стариот пат Охрид – Струга. Изградбата на објекти на ова место е строго регулирано, а појасот е заштитен од УНЕСКО, што значи дека изградбата на вакви објекти, кои може да предизвикаат еколошки проблеми, е строго забранета. „А1он“ и во минатото пишуваше за оваа дивоградба, која е изградена на парцела во сопственост на Исламската верска заедница.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, во интервју за „А1он“ рече дека разговарал со Усеини за базата и побарал Општината да му обезбеди локација. На ова Георгиевски му кажал дека тој не е агенција за недвижности за да му бара локации посочувајќи што побргу дивоградбата да биде отстранета.

Против Усеини има и четири предмети во охридското Обвинителство, но обвиненија и во новата година – нема. Институциите останаа глуви за физичките пресметки, дивоградбите, узурпирањето државен имот, фалсификување, односно уништување деловни книги, а тоа се кривични дела за кои од Усеини се бара одговорност.

Усеини има и дивоизградена летна тераса на пицерија во заштитеното јадро на Охрид, односно кај Чинарот. Општина Охрид одговорноста за тоа што таа не е отстранета ја префрла кај Државниот градежен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид