(ВИДЕО) Георгиевски: Усеини ми кажа да му барам локација за бетонската база, јас му кажав дека не сум агенција за недвижнини

Од:

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во интервју за „А1он“ вели дека нема место за калкулации и сите дивоизградени објекти ќе бидат отстранети. Тој рече дека сите мора да сфатат дека времето на урбанистички хаос полека завршува.

Георгиевски во интервјуто кажа дека поднел и кривична пријава против советникот во општината од ДУИ, Нефи Усеини, за дивоизградената пицерија кај Чинарот.

„За објектот кај Чинарот, лично јас поднесов кривична пријава до Обвинителството против советникот, бидејќи тој лично кажа дека е негова сопственост. Како и за секој друг објект, така и за тој. Јас разговарав со Нефи Усеини и за бетонската база. Му кажав дека час поскоро бетонската база треба да се отстрани од таму. Тој ми кажа да побараме локација каде има предвидено. Јас му кажав дека не сум агенција за недвижнини, за да му барам локации по градов за неговите објекти кои ги поставил каде не им е место. Базата треба да се отстрани, а потоа, ако во ДУП-от има предвидено, нека си почне процедура за добивање дозвола“, рече Георгиевски во интервјуто.

Во интервјуто со Георгиевски кое ќе се емитува утре во 12 часот, тој зборува за судбината на узурпираните плажи, епилогот од пријавите кои Охрид ги поднел до Обвинителството против сопствениците на дивоградби, рушењето на платформи, куќи, хотели, а открива и како Охрид ќе наплати за користење на плажите кои работат со истечени концесии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка