Пет кинески градови се ставени во карантин, а официјален Пекинг откажа серија јавни настани по повод Кинеската Нова година во обид да се спречи ширење на смртоносниот коронавирус.
Кинеските власти утрово ги суспендираа транспортните врски од Вухан, што подразбира затворање на автобуските и железничките станици, како и аеродромите и пристаништата. По Вухан, каде прво изби епидемијата, и блискиоте градови Хуанганг и Еџоу воведоа слични мерки, а ограничувања воведоа и Чиби и Џијанг.
Освен сообраќајот, затворени се и театрите, кината, кафулињата и сите места за забава, а жителите не смеат да го напуштаат градот освен од „посебни причини“.
Локалните власти, исто така, им наложија на туристичките оператори да ги откажат аранжманите, а исто така не се дозволени ни големи културни манифестации.