(ВИДЕО) Апостолоски: Три години СДСМ и Заев на власт, три години Ѓорче Петров заборавена општина

Од:

„Три години СДСМ и Зоран Заев на власт, три години Ѓорче Петров заборавена општина.

За владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, Ѓорче Петров изминатите три години како да не постоеше. Централната власт не отпочна ниту пак заврши ниту еден проект, а ветуваше многу. Неспособноста оди до таа мера што и оставените проекти од страна на претходната влада на ВМРО – ДПМНЕ не ги ни започна, а камо ли да ги заврши. Ѓорче Петров три години стагнира и стои во место.

Нема ништо од најавените две нови градинки, Клиничкиот центар во Волково може да се види преку со розевите очила на Заев, нема изградено ниту еден спортски објект, гасификацијата остана само на букви во нивните програми. Нема ништо ниту од надградбата на капацитетите во ОУ „Димитар Беровски“ во Хром и „Тихомир Милошевски“ во Волково. Нема никакви активности и за поврзувањето на населба „Даме Груев“ со бул. „Илинден“, рече Данијел Апостолоски, советник во Советот на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фекалната канализација во Волково и асфалтирањето на 33-те улици, проект кој го остави ВМРО–ДПМНЕ, три години не можат да го завршат поради нивната неспособност и неангажираност.

Зоран Заев и СДСМ три години немаат вложено ниту еден денар од буџетот на Република Македонија во општина Ѓорче Петров. Образованието, здравството, културата, спортот, инфраструктурата се оставени да стагнираат и да се распаѓаат додека функционерите на СДСМ и Зоран Заев безкрупулозно го ограбуваат народот.

Граѓаните на Ѓорче Петров ги прочитаа овие луѓе и на 12-ти април убедливо ќе ги поразат исто како на претседателските избори. Ѓорче повторно ќе стане општина во која владата ќе вложува во изградба на градинки, спортски терени, училишта, патишта. Ѓорчепетровци ќе изберат обнова на Ѓорче и обнова на Република Македонија“, изјави Данијел Апостолоски, советник во Советот на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус