Најмалку три лица загинаа при невреме во Шпанија, проследено со силен ветер и снег, пишува весникот „Венте минутос“.
Меѓу загинатите се двајца мажи, еден во областа Астурија, а друг во областа Кастиња, додека во Гандија, Валенсија загина жена – бездомник.
Шпанската државна метеоролошка служба објави предупредување поради невремето во 33 провинции. Поради лошото време, некои патишта се затворени, како и пристаништата Валенсија и Гандија. Во 194 општини во регионот Валенсија часовите во училиштата беа откажани.
На Твитер, шпанските аеродромски власти соопштија дека аеродромот „Аликанте“, поради силниот ветер, денеска ќе биде затворен. Според синоптичарите и утре се очекува слично време.