Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“. Судијата Осман Шабани е дел од судечкиот совет во двата случаи, а рочиштата се закажани едно по друго, со половина час разлика.
Следното судење е закажано за 24 февруари. И претходно, судењата за „Тендери“ се одложуваа поради одржување на рочишта за други предмети.
Првообвинета во случајот е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка. Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип.
Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.