Анонимус Грција тврдат дека хакирале турски сајтови

Од:

Како одговор на нападите на грчки владини сајтови од турска хакерска група, Анонимус Грција, попладнево излегоа со тврдење дека хакирале турски сајтови, меѓу кои и мејл сервиси на турската полиција, на турската разузнавачка служба, на бројот 112 за итни случаи, како и на весници, јави дописничката на МИА од Атина.

-Како што Турците удрија вчера, така ние ден подоцна одговараме. Информираме дека нападите сега почнуваат, напишаа Анонимус Грција.

Претходно, турските хакери „Anka Neferler“ ја презедоа одговорноста за проблемите што синоќа се појавија на неколку грчки владини сајтови, тврдејќи дека извршиле хакерски напад.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски