Претседателот на СДСМ, Зоран Заев оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, претставници на комората и бизнисмени од различни сектори.
Во изјавата за медиуми што Заев ја даде пред почетокот на средбата, истакна дека СДСМ продолжува со креирање на новата изборна програма која ќе понуди решенија за подобар живот за сите граѓани.
“Во подготвока сме на нашата изборна програма, којашто веруваме дека ќе стане владина програма.
Во духот на консултациите тргнуваме во постапка на консултација на многу организации, здруженија, сојузи , комори, синдикати и слично, затоа што политичките партии ги претставуваат своите ветувања и видувања. Сакаме низ инклузивен процес да ги вградиме сите оние важни, добри работи кои практичарите во секојдневното работење ги имаат увидено и можат да бидат наша водилка и главна преокупација во наредниот четиригодишен период, рече тој.
Со Стопанската Комора на Македонија имавме одлична соработка како Влада додека имав чест да ја извршувам премиерската функција. Впрочем и програмата на Владата беше создадена во најголем дел од економските аспекти токму од коморите. Имплементацијата е сериозна во бројки и реализација. Како го подигаме нивото на развој на нашата земја така и потребите растат. Сакаме да создадеме креативна, модерна, дигитална економија којашто ќе значи современа економија на третата денценија на 21-виот век”, рече претседателот на СДСМ со надеж дека ќе продолжат разговорите, соработката и партнерство со стопанските комори.
На средбата беа слушнати аргументите на бизнис-секторот, нивните потреби и барања, со цел заеднички да се изнајдат решенија за развој и унапредување на економијата во интерес на граѓаните и подигнување на нивниот животен стандард.