ВИДЕО: Во Штип трибина за „Дигитализација на јавните услуги“

Од:

Електронски упис на дете во градинка е новата електронска услуга на којашто заеднички работат министерствата за информатичко општество и за труд и социјална политика, а во оваа услуга ќе бидат вклучени и општините во земјава, најави денеска министерот Дамјан Манчевски во Штип на првата трибината за „Дигитализација на јавните услуги“.

– Граѓаните коишто ќе сакаат да ги запишат своите деца во градинка ќе можат да добијат он лајн информација, каде има слободни места, да ја пратат пријавата и да добијат повратен одговор за упис на дете во градинка, веќе од следната година сакаме уписите и во училиштата да бидат електронски, вели Манчевски.

Забележува дека ова се примери на неограничени можности и услуги коишто можат да се реализираат електронски, а граѓаните да не мора да ги посетуваат шалтерите.

Манчевски истакна дека во земјава се обезбедени сите елементи и услови за дигитализација на јавниот сектор.

– Електронскиот портал беше последниот елемент, на којшто претходно му претходеа и централниот електронски регистер на население, платформата за достава на електронски услуги, како и голем дел на други елементи од електронскиот систем, којшто денеска ни овозможуваат институциите да даваат електронски услуги на граѓаните, рече Манчевски.

Смета дека се потребни вакви трибини, каде што ќе се разговара и со претставниците на локалната самоуправа и институции, како можат тие да ги искористат овие системи, за да и тие даваат електронски услуги, кои ќе бидат побрзи и поевтини за самите граѓани.

– Од друга страна сакаме да ги запознаеме и самите граѓани како можат да ги користат услугите, кој е начинот на којшто ќе можат да се регистрираат и да го користат нивниот електронски идентитет. Навистина очекувам плодна соработка со Општина Штип, претходно разговараме и за некои конкретни работи што можат да се реализираат. Северна Македонија влегува во масовна дигитализација на јавниот сектор и граѓаните ги гледаат првите резулатати. Бројот на услуги коишто се достапни во моментов се 127 електронски услуги, вели Манчевски.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната трибина истакна дека овие електронски услуги се од корист на граѓаните, а општинската администрација е секогаш првиот контакт со граѓаните.

– Посебно во внатрешноста, каде што граѓаните својот проблем го кажуваат овде и бараат решение овде. Со оваа дигитализација секако ќе допринесеме за олеснување на услугите на граѓаните, вели Бочварски.

На денешната трибина во Штип Посебен фокус се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он