Европскиот парламент го разгледува барањето за одземање на имунитетот на Карлес Пучдемон

Од:

Европскиот парламент почна процедура за разгледување на барањето за укинување на имунитетот на поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пучдемон, изјави денеска еден од потпретседателите на оваа институција, Ева Божена Копач.

– Шпанските власти од претседателот (на Европскиот парламент) побарале да им го укине имунитетот на Карлес Пучдемон и Тони Комин, за да може да почне судската постапка против сега двајцата европратеници, рече Копач во Стразбур.

Барањето се поднесува до Комитетот за правни работи, а процедурата може да трае со недели, па дури и со месеци.

Шпанија го бара екстрадирањето на Пучдемон и Комин заради обидот за сецесија на Каталонија во 2017 година. Пучдемон и Комин во тоа време побегнаа во Белгија, а во мај 2019 година беа избрани за европратеници, како претставници на каталонските сепаратистички партии.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска