Академија Пандев се договори со Бојан Најденов

Од:

Бојан Најденов од денеска и официјано е нов член на струмичкиот фудбалски прволигаш, Академија Пандев. Со неговиот ангажман, третопласираната екипа во есенскиот дел во домашното првенство најавува атак на највисок пласман и нов излез на европската сцена.

Најденов се придружи на „пандевци“ како слободен фудбалер, но неговото искуство несомнено ќе значи многу во средниот ред на екипата од Струмица.

Во изминатите години, Најденов настапуваше во клубови во Албанија (Лачи), во Иран (Естеглал) и Египет (Смоуха) додека во македонската фудбалска сцена играше за Хоризонт Турново и за Работнички од каде ја започна интернационална кариера.

Најденов е трето ново име кај Академија Пандев во зимскиот трансфер период по Гранчов и Мујеци. Актуелниот освојувач на националниот Куп ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Струмица, а реализацијата на втортата фаза е најавена во Анталија од 24 јануари.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска