Демирал надвор од фудбалските терени до седум месеци

Од:

Фудбалерот на Јувентус, Мерих Демирал, успешно е опериран по повредата здобиена на средбата со Рома минатиот викенд, објавено е на официјалната веб-страница на италијанскиот шампион.

Турскиот репрезентативец ги скина вкрстените лигаменти на левото колено и го оштети менискусот.

Како што е објавено, за оптимално закрепнување ќе му бидат потребни шест до седум месеци.

Ова значи дека сезоната за Демирал е завршена. Покрај тоа, тој нема да има време да се опорави до Евро 2020, што ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули.

Оваа сезона 21-годишниот дефанзивец одигра седум натпревари постигна еден гол и забележа една асистенција.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска