Косовски амбасадор до Ѓоковиќ: Примитивец, заостанат балкански националист

Од:

Претставникот на приштина во Бугарија, Едон Цана го коментираше на Твитер начинот на кој српките тенисери ја прославуваа победата на АТП купот во Австралија.

-По маршот на Дрина, продолжија со Косово. Можеш да бидеш АТП победник, но остануваш примитивец, заостанат и обичен балкански националист и шовинист. Не е случајно што Новак Ѓоковиќ е најмалку саканиот шампион во историјата, напиша Цана.

На ова регираше директорот на канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ кој оцени дека омразата која ја изразува претставникот на Косово кон спортистите, го открива карактерот на тие шти ја изразуваат.

-На Новак Ѓоковиќ кој потекнува од Косво и Метохија, сакаат да му забранат да се гордее со своето потекло само затоа што е Србин. Омразата кон спортист кој покажал дека не поднесува омраза, шовинизам и граници меѓу луѓето најдобри го открива карактерот на тие што ја изразуваат, напиша Ѓуриќ на Твитер.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина