Илиоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за поништување на лустрацијата

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да го поддржи законот за поништување на лустрацијата. Пратениникот Зоран Илиоски од опозициската партија денеска во Собранието на РСМ изјави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористат сите законски средства за да го спречат донесувањето на Предлог законот за огласување ништовност и поништување направни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките залустрација, во прво читање.

– Партијата на аболицираниот Зоран Заев сега прави аболиција на кодошите. Децата на кодошите си ги амнестираат своите предци, рече Илиоски.

Според него, „со СДСМ Македонија стана единствена држава воЕвропа во која нема лустрација на кодошите на комунистичкиот режим кои изградија цели кариери врз таа база“.

– СДСМ им овозможува на десеттици кодоши кои зацрнија цели семејства, сега да добијат пари од буџетот, кој го полнат децата на некогашните нивни жртви, рече Илиоски додавајќи дека законот што го предлага СДСМ е во целосна спротивност на европските и демократските принципи.

Затоа, рече тој, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи, и морална и политичка одговорноста за кодошите мора да има.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ