Откриена вакцина против пушењето цигари

Од:

Оние кои сакаат да се откажат од цигарите сега ќе можат да го направат тоа многу лесно, благодарение на новата вакцина против пушењето.

Истражувачкиот тим во Њујорк веќе е при крај со тестирањето на конечната верзија на вакцината.

Терапијата се прима само еднаш и трае заесекогаш.

Д-р Роналд Г. Кристал, дел од тимот вели „Ние се надеваме дека вакцината ќе им помогне на милиони пушачи низ светот кои неуспешно се обиделе да се откажат од цигарите пробувајќи ги сите методи кои им се нудат“.

Вакцината го уништува никотинот во црниот дроб, спречувајќи го да направи било какви оштетувања на срцето и оневозможува тој да пријде до мозокот.

„Ако никотинот не стигне до мозокот, не може да се стане зависник од него“, вели докторот.

До денес вакцината е тестирана само на глувци. Во контолираниот експеримент тие откриле дека глувците на кои им било дадено никотин, а потоа биле вакцинирани, им се намалил крвниот притисок и срцевата активност веднаш по примањето на вакцината, за разлика од оние кои не примиле терапија и нивните параметри оделе само во нагорна линија. Никотинот кај глувците – пушачи не стигнал до мозокот. Притоа била потребна само една доза прилагодена на телото на животното и доволна за до крајот на неговиот животен век.

По овој експеримент, научниците ќе се обидат и на луѓе. Тие веруваат дека ако успешно го реализираат овојј експеримент кај непушачите, понатаму ќе може да ја користат понатаму вакцината исто како и останатите. Таа ќе делува како превентивна мерка. Со нејзиното примање ќе се обезбедува анти-зависност, така што секој кој ќе запали цигара нема да може никогаш да стане зависник.

 

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он