Во доцните 80-ти и раните 90-ти, Хелена Кристенсен ги освојуваше модните писти, покажа завидна фигура и во шестата деценија.
Хелена ја прослави Новата година на егзотична дестинација и сподели фотографија во костим за капење со своите следбеници на својот Инстаграм профил.
Поранешната манекенка позираше во едноделен костим за капење во црна боја, додека нејзините долги нозе и совршено „извајаниот“ задник се во преден план. На изгледот на Хелена дефинитивно можат да и завидуваат и двојно помладите девојки!
„Филтерот Хелена работи за мене“, напиша таа во описот на фотографијата.
Многумина не останаа имуни на фигурата на Хелена, па таа беше „бомбардирана“ со комплименти под фотографијата.
„Со или без филтри ти си совршена“, „Прекрасна си“, „Совршено тело“, беа само некои од коментарите под фотографијата.