(ВИДЕО) Власта и опозицијата се судрија околу извозот на канабис, ВМРО-ДПМНЕ бара да се одложи по изборите

Од:

Компаниите кои добиле лиценци за преработка на канабис за медицинска употреба ќе можат да извезуваат преработен сув цвет од канабис во земјите од Европската унија, се предвидува со  новиот предлог-закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, за кој денеска се расправаше на собраниската комисија за здравство.

Министерот Венко Филипче образложувајќи го законот, рече дека со него ќе се спречи злопотребата на опојните дроги, пред се на канабисот. Целиот процес ќе го контролира новоформирана Агенција за контрола на производи од канабис.

„Одобрение до сега по претходна добиена согласност од Владата имаат добиено четириесетина фирми, кои преработуваат канабис за медицински цели. Со новиот предлог закон на овие фирми им се овомозжува извоз на сув цвет, на пазарите во Европа, по претходно утврдени меѓународни стандарди. Дополнителни делови кои се менуваат е потреба за гаранција во денарска противвредност од 300.000 евра за секоја фирма што ќе аплицира. Предлог законот ќе има и фискални импликации, бидејќи ќе се основа Агенцијата за контрола на производи од канабис. Таа ќе има пет вработени и директор на агенцијата и за неа ќе бидат издвоени околу 3 милиони и 200 илјади денари на годишно ниво“, рече Филипче.

За пратениците од опозицијата законот со кој се овозможува извоз, не е прифатлив бидејќи тој се носи пред избори. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа законот да се повлече од дневен ред и да се носи кога ќе биде избрана новата влада.

„Лично нема да гласам за овој закон. Сметам дека не треба да се носи шверцерски и набрзина. За законот треба да има јавна дебата, вклученост на повеќе засегнати страни, ако сакаме да имаме квалитетно решение, а ние ја немаме таа можност. Затоа и побарав да не се расправа по него, затоа што ние имаме техничка влада, а таа не предлагач, туку владата која беше актуелна до 3-ти јануари“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.

Со сличен став беше и пратеникот Ванковер Мачев кој рече дека со носењето на овој закон нема да се овозможи никаков бенефит за граѓаните и дека се носи искучиво за неколку поединци кои вложиле во овој бизнис.

„Ги повикувам СДСМ да си почекаат до 12-ти април и со законот да си го стават во програмата, па ако добијат поддршка од граѓаните, нека им се спроведе. Во оваа ситација не гледам никаква корист од законот, освен за неколку поединици, односно фирми кои добиле лиценци без да биде изгласан овој закон“, рече Манчев.

Расправата по предлог законот започна откако четриесетина лиценцирани компании преку Здружението „Макканабис“ го повикаа Собранието што поскоро да го изгласа законот, кои рекоа дека имаат финансиски проблеми кои можат да доведат и до отпуштање работници во оваа дејност.

Според собраниската агенда, предлог законот на пленарна седница треба да се најде на 14 јанури и се очекува да биде донесен до распуштањето на Парламентот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

ВИДЕО: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла, пресметка Мицкоски-Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски