Милан ќе го спасува Кристенсен од Челзи

Од:

Милан има интерес за централниот дефанзивец на Челзи, Андреас Кристенсен, објави „Скај Спорт“. Оваа сезона Данецот учествуваше само на осум натпревари, последниот од нив на почетокот на декември.

Дваесет и три-годишниот фудбалер ја губи конкуренцијата за својата позиција со Антонио Рудигер, Курт Зума и Фикајо Томори. Оваа ситуација го привлече вниманието на Милан, а „росонерите“ го свртеа вниманието кон Кристенсен, откако ја загубија борбата со Шалке 04 за Жан-Клер Тодибо од Барселона. Милан, кој се наоѓа на 12. место во Серија „А“, сака да го изнајми Кристенсен до крајот на сезоната со опција да ги откупи неговите права.

Друга опција за „црвено-црните“ е да се засили со искусниот Кјаер, кој е резерва во Аталанта и не крие дека сака да си замине. Данецот е во Бергамо како отстапен од Севиља. Како дел од договорот, можно е во Аталанта да се врати Матија Калдара.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска