Ракометарите поразени од Словенија

Од:

Ракометната репрезентација на Северна Македонија доживеа пораз од Словенија со 33-28 (19-12) во пријателски меч пред ЕП во Австрија, Шведска и Норвешка.

Без капитенот Кире Лазаров во составот, избраниците на Данило Брестов беа на исто ниво со домаќинот само во првите десетина минути.

Словенците се разиграа по 15-тата минута и поведоа со +5 (12-7) а потоа само го зголемуваа водството кое на полувремето изнесуваше седум гола разлика.

Во вториот дел македонските ракометари имаа и негатива од 9 гола (26-17) но по неколкуте ротации на македонскиот селектор успеавме да ја намалиме разликата до минус пет на 10 минути до крајот на дуелот.

Сепак Словенија не дозволи изненадување и пресврт и на крајот запиша победа од 33-28.

Последниот натпревар во подготвителниот период „жолто-црвените“ го играат против Црна Гора во недела.

Првиот дуел на Европското првенство го играме на 10 јануари против Украина во Виена.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ