СДСМ прифаќа Чулев да биде технички министер за внатрешни работи

Од:

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев да биде технички министер во министерството за внатершни работи е прифатлив за СДСМ.

Според партијата, Чулев не е униформирано лице и против него нема покренато обвиненија, со што се исполнети уставните критериуми.

-Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, соопшти СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ во предлогот за министер за внатрешни работи во техничката влада го опиша Чулев како долгогодишен професионалец во областа на безбедноста од Ангецијата за разузнавање. Од опозициската партија велат дека Чулев има искуство од областа на безбедносна политика, односно дека е дипломиран криминалист.

„Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија. Се усовршувал за трансформација на конфликти со мировни средства на Софискиот Универзитет во Бугарија. Бил дел и од школата за балканската мрежа за човекови права во Дубровник Хрватска. Учествувал и на безбедносниот форум за стратегиска комуникација и евроатланска интеграција што беше дел од НАТО колеџ за одбрана. Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави. Наќе Чулев е долгогодишен професионалец и одличен познавач на безбедносните прашања и ново лице во политиката“, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Чулев е вработен во Директоратот за разузнавање при Агенцијата за разузнавање, а истворемено е предавач на Дипломатската академија на МНР.

„Во периодот од 2013-та до 2017-та година бил директор на Агенцијата за разузнавање. Од 2017-та до 2019-та генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Воедно во 2017-та година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители. Работел и како советник во Агенцијата“, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците