Сојузот за иднината бара итна седница на ДИК

Од:

Коалицијата „Сојуз за иднината“ бара Државната изборна комисија да одржи вонредна седница за да утврди на кој начин, под кои услови и во која постапка лицата за кои опозицискиот блок се сомнева дека се неосновано внесени во Избирачкиот список добиле лични документи од надлежните органи и адресни податоци врз основа на кои се запишани во списокот.

Бараат да се провери основот за упис на 13.869 ново запишани лица во Избирачкиот список, а кои, како што тврдат, не се стекнале со вакво право врз основа на стекнато полнолетство од 2011 до денес.

Од коалицијата наведуваат дека утврдиле оти поголем број од тие лица се запишани на една иста адреса, што, „отворало сомневања за веродостојноста на добиените податоци за нивното живеалиште врз основа на кои тие се запишани во Избирачкиот список“.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

18 кандидати за градоначалник на Скопје, 20 листи за членови на Советот

Катерина Ѓуровски

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

ДИК: Доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје