Еколошката активистка Грета Тунберг изјави дека оние кои ја напаѓаат, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, се „ужаснати од помислата дека младите луѓе ќе донесат промени, кои тие не ги сакаат“, пишува европската редакција на Политико.
Во емиисјата „Денес“, на Би-Би-Си Радио 4, во која таа гостуваше вчера, Тунберг беше запрашана што мисли за критиките кон неа од страна на Трамп и другите.
-Овие напади се едноставно смешни, рече 16-годишната Швеѓанка.
„Затоа сакам да кажам дека тие очигледно не значат ништо. Туку претпоставувам, се разбира, дека значат нешто друго. Тоа значи дека се ужаснати од тоа што младите луѓе внесуваат промени, кои тие не ги сакаат. Но, тоа е само доказ дека всушност правиме нешто. И дека тие не сметаат за некаков вид закана“, додаде Тунберг.
Претходно овој месец, откако списанието „Тајмс“ ја прогласи Тунберг за личност на годината, Трамп на Твитер напиша: „Грета треба да работи врз својот проблем со управувањето на гневот, а потоа да отиде на добар старомоден филм со свој другар! Смири се Грета, смири се!“