Полицијата трага по Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет за незаконско приватизирано земјиште

Од:

Обвинителството за борба протрив организиран криминал и корупција издало наредба да се приведе Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет, но тој е недостапен за органите на прогонот, потврди за „А1он“, шефицата на обвинителството, Вилма Русковска.

Засега се приведени 5 лица, вработени во општината Тетово, а станува збор за незаконска легализација и за приватизација на атрактивно земјиште.

Предистражната постапка, во која биле опфатени десетина лица траела околу една година, а засега од нив се приведени петмина.

Теофиловски, по кој трага полицијата е зет на Александра Зафировска, поранешна претседателка на Судскиот совет чиј глас можеше да се слушне и во таканаречените „бомби“ како соработува со тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ околу изборот на судии.

Обвинителството најави дека во текот на денот ќе излезе со подетални информации за случајот со незаконската приватизација.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ