Саудиска Арабија: Уапсени повеќе од 200 луѓе поради непристојност и злоставување

Од:

Повеќе од 200 лица се уапсени изминатите денови во Саудиска Арабија заради „непристојност“ и „злоставување“, прва кампања од таков вид од ублажувањето на општествените норми во таа конзервативна земја.

Околу 120 мажи и жени беа уапсени минатата недела за „несоодветна облека“ , соопшти полицијата во Ријад, додавајќи дека уапсените добиле соодветни казни без да прецизираат каков вид. Најмалку 88 лица се уапсени во последниве денови за „злоставување“, се вели во друго соопштение на полицијата.

Апсењата следуваа по поплаки на жени на социјалните медиуми во кои се тврди дека биле злоупотребени за време на фестивалот за електронска музика што се одржа во почетокот на декември во близина на Ријад.

Тоа е прва кампања од таков вид откако саудискиот принц, претстолонаследникот Мохамед бин Салман почна да ублажува некои општествени норми. Неговата политика доведе до повторно отворање на кина, одобрување на жени да возат автомобили и организирање на концерти и разни спортски настани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ