Вселенскиот патријарх истакна дека никогаш нема да ја признае т.н. ЦПЦ

Од:

Единствената канонска црква во Црна Гора е Митрополијата црногорско-приморска на Српската православна црква и ние никогаш нема да ја признаеме таканаречената Црногорска православна црква, изјави вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во интервју за српски Курир, Вартоломеј рече дека по барање на митрополитот Амфилохије, тој напишал писмо до црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, во кое му порачува да не презема понатамошни чекори кон усвојување и спроведувањето на законот за верски заедници.

– Тој закон не е праведен. Што се однесува до Вселенската патријаршија, единствената канонска црква во Црна Гора е Митрополијата црногорско-приморска на Српската православна црква и единствениот канонски архиепископ во Црна Гора е митрополитот Амфилохије, рече вселенскиот патријарх.

Би можело да ве интересира

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

Поглаварите на МПЦ – ОА на СПЦ ќе одржат заедничка литургија во Охрид

Катерина Ѓуровски

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија

Ана Ололовска

ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во Синодот на Македонската православна Црква – СПЦ донесе одлука