Драган Ковачки е лицето кое го предлага претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски за прв човек во Министерството за внатрешни работи во техничката влада, дознава А1он.
Ковачки дипломирал на Воената академија во Скопје и бил поранешен раководител во службата за Воено разузнавање.
Има завршено повеќе високи школи и обуки во САД и Европа. Завршил на Кралскиот колеџ за одбранбени студии во Велика Британија и Командно-штабна академија во Хрватска.