Некогашниот олимписки шампион, чиј светски рекорд на 200 метри траеше 16 години, почина во болница во Рим на 60 години.
„Италијанскиот спорт тагува“, стои на веб-страницата на КОНИ, каде што е објавена смртта на спринтерот роден во Барлета, познат како „стрелата од југот“, по неизлечивата болест.
Неговиот рекорд се одржува на врвот на светската ранг-листа цели 17 години пред Мајкл Џонсон да го подобри. Резултатот на Менеа сеуште е европски рекорд. По завршувањето на кариерата во период од пет години тој беше член на Европскиот парламент.