(ВИДЕО) Заев: За една изборна единица ќе се одлучува до 12 февруари

Од:

За една изборна единица може да се одлучува до 12 февруари, односно 60 дена пред изборите додека работи парламентот, изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ.

Тој рече дека партијата не се откажува од ова прашање и дека истото ќе биде отворено уште утре.

„Утре имам средба со лидерот на опозицијата Мицкоски и ќе го отворам и тоа прашање доколку тој сака за тоа да разговараме. Имам одредени идеи кои сакам да ги предложам ќе ги ставиме на маса, па можеби и ќе најдеме разбирање. Во игра се и оние предлози што тие ги споменуваа како што е шпицен кандидат,спремен сум да преговарам, па можеби ќе се договориме нешто“, изјави Заев.

Тој рече и дека разговарале и со ДУИ за амандманите, дошле до заклучок дека имаат несогасувања во однос на оваа прашање и додека дека се надева дека во иднина нема да има такви случаи. Сепак посочи дека амандманите прва ги поднела опозцијата со намера да ги блокира законите.

„ДУИ поднесе 1.200 на албански јазик и уште 300 на македонски јазик, а горчината наша беше зошто ВМРО-ДПМНЕ веќе имаше поднесено илјадници амандмани. Затоа јас уште еднаш повторувам спремен сум да преговарам со ВМРО-ДПМНЕ, има време да се донесе законот , Собранието ќе работи уште 60 дена по формирањето на техничката влада, а знаете дека за една изборна единица има поддршка од 65 пратеници“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

A1on

Во Финска три потписи, во Македонија 2003 за независни листи: Невладините реагираат на измените на Изборниот законик

A1on

СДСМ и ДУИ уште лани разговарале за предизборна коалиција, договор уште нема

Рекламирањето на партиите за избори да не биде веќе на товар на државата предлага работната група за измени на Изборниот законик

Мицкоски: Подготвени сме да ги прифатиме датумите кои ќе ги понуди владата на ДУИ и СДСМ за прв круг претседателски и вториот заедно со парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Трајанов: Итно да се усвојат измените на Изборниот законик за една изборна единица