Заев го пријавил случајот „Рекет“ на 22 април 2019

Од:

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил попладнево соопшти дека случајот „Рекет“ го пријавил на 22 април 2019 година.

– Денес добив прашање од медиумите за точниот датум кога сум го пријавил случајот „Рекет“. Проверив и ја известувам јавноста дека случајот „Рекет“ го пријавив на 22 април 2019 година, напиша премиерот.

На новинарско прашање денеска тој одговори дека одржал состанок десетина дена пред Орце Камчев да ги однесе документите и материјалите во Обвинителството за организиран криминал и корупција и дека на средбата присуствувале државниот обвинител и обвинителката за гонење организиран криминал.

Притоа, тој најави, дека точниот датум на состанокот ќе го провери во својата агенда и ќе го соопшти до крајот на денов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески