Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повеќе пати изрази загриженост до Вашингтон подари одолговлекувањето при издавање визи за руски и службеници од други држави кои доаѓаат во седиштето на Светската организација во Њујорк, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик, откако Москва го обвини Гутереш дека го игнорира проблемот.
Москва соопшти дека Вашингтон намерно го одложува издавањето визи за руските службеници, што би можело дополнително да ги отежне веќе затегнатите односи меѓу двете држави.
– Со месеци, генералниот секретар и Правниот совет на ОН изразуваа загриженост до високи функционери на земјата домаќин на ОН, истакна Дижарик во соопштение.
Во најновиот извештај на Комитетот на ОН за односи со САД, земјата домаќин на Светската организација, се наведува дека и други земји, како Кина, Северна Кореја, Иран, Сирија и Куба, се жалат проблеми од страна на американските власти при издавање визи за нивните службеници.