Судскиот совет немаше време да одлучи за мандатот на поротничката во ТНТ

Од:

Поротничката во случајот ТНТ, Лилјана Ивановска-Кочковска, останува дел од судечкиот состав бидејќи Судскиот совет не стигна да ја разреши на денешната седница. Останува неизвесно дали Ивановска-Кочковска ќе биде разрешена до следното рочиште за случајот на СЈО, кое е закажно на 17 јануари в година. Таа на дневниот ред беше ставена под точката „разно“ по која Советот не стигна да дискутира и да донесе одлука.

Поротничката има навршено шеесет години и затоа треба да биде разрешена, предвидува Законот за судовите. Неколкупати досега на судењата за ТНТ беше оспорувана возраста на Ивановска-Кочковска, а поради тоа, беше барано и одложување на рочиштата.

Обвинителот Бурим Рустеми, кој го застапува предметот ТНТ за уривањето на „Космос“, по последното рочиште, рече дека очекува судењето да почне од почеток поради истек на мандатот на поротничката. Обвинителот тврди дека делата за кои се сомничат обвинетите не може да застарат.

Првпат за возраста на поротничката Кочковска спомна пратеникот Илија Димовски во предметот „Талир“. Тој пред судот рече дека според Законот за судовите на две поротнички им истекол мандатот поради наполнети 60 години и заради економичност на постапката побара одлагање на судењето за да се надмине ситуацијата.

Доколку Ивановска-Кочовска биде разрешена, тогаш предметите „Тендери“, „Топлик“, ТНТ, „Талир“ и „Монструм“ ќе треба да се вратат на почеток. Одложување на судењето за „Монструм“ поради истата причина се очекува да има и в петок кога е закажано рочиште. Само во предметот „Титаник“ има резервен поротник.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов