СДСМ: Пустош во енергетиката се случуваше кога Мицкоски го советуваше Груевски

Од:

Пустош во енергетиката се случуваше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, додека Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски и директор на АД ЕСМ (ЕЛЕМ).Да знаеја ВМРО-ДПМНЕ и како се работи во енергетиката, немаше државата со години да биде зависна од скап увоз на струја, немаше да се укине евтината дневна тарифа на струјата, немаше цената на електричната енергија да поскапи за 100 отсто, а енергетската мрежа немаше да се соочува со чести испади што беше редовна пракса за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, „научени на расипништво и криминал, денес ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со тоа што домаќинските политиките на СДСМ во енергетиката даваат реални и видливи резултати“.

„Денес дури 91,6 отсто од потрошената електрична енергија е произведена од домашни извори. Во првите девет месеци од годинава увозот на електрична енергија е намален за 3,6 отсто, додека извозот на електрична енергија бележи раст од 60,6 отсто во споредба со истиот период лани. ЕСМ досега за 2 години продаде електрична енергија во износ од 40 милиони евра. Ова се само дел од фактите кои ја покажуваат успешноста на политиките на СДСМ во енергетиката, а кои беа незамисливи во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Политиките на ВМРО-ДПМНЕ во енергетиката, како и во сите други полиња е расипничка, деструктивна, базирана исклучиво на лажни вести и дезинформации. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе загубат на изборите на 12 април“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски