Украина ја осуди посетата на Путин на Крим и отворањето на железничкиот мост

Од:

Украинското Министерство за надворешни работи изрази протест до Русија заради, како што наведува во соопштението, недоговорената посета на рускиот претседател Владимир Путин на Крим и отворањето за сообраќај на железничкиот дел од таканаречениот „Кримски мост“.

Украина смета дека Путин ја посетил привремено окупираната Автономна Република Крим и за сообраќај отворил мост низ Керчанскиот теснец, кој, се додава во соопштението, руската страна го изградила без согласноста на Украина, грубо кршејќи го меѓународото право, вклучувајќи ја и Конвенцијата на ОН за поморско право.

Украина наведува дека посетата на руски официјални претставници на Крим, изградба на мост, како и која било друга акција, ни на кој начин не можат да го сменат статусот на Автономната Република Крим и градот Севатопољ, како составен дел на територијата на Украина, во нејзините меѓународно признати граници.

„Ни Украина, како што ни една цивилизирана земја на светот, не ги признава обидите на Кремљ за легитимација на анексијата на дел од суверената територија на Украина“ се наведува во соопштението.

Путин вчера го пушти во употреба железничкиот мост меѓу Русија и Крим.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот