Жителите на Трнодол бараат нов ДУП, наместо најавената јавна расправа идната година

Од:

По највите на општина Карпош дека јавната презентација на ДУП-от заТрнодол ќе се повтори во првата половина од 2020. година жителите на населбата преку соопштение реагираа велејки дека сакаат иѕработка на нов ДУП.

„Ветувањата во стилот не верувај во тоа што гледаш туку во тоа што ти ветувам, не поминуваат кај слободоумните граѓани на Трнодол. Тоа ние во повеќе наврати јасно го предочивме, а тврдењата дека сме изманипулирани дури од две политички партии е во контекст на претходното сценарио за самоодбрана на градоначалникот.

За да поверуваме во ветувањата на градоначалникот треба истите да бидат преточени во сосема НОВ ДУП каде нашите несогласувања ќе бидат корегирани согласно законските нормативи за УПП и Заштита на животната средина, од причина што предложениот ДУП е донесен во против правна и против уставна постапка“, се вели во соопштението на жителите на Трнодол.

Тие остануваат на истите барања кои неколку пати ги повторија, односно градоначалникот Богоев да го повлече предложениот ДУП и согласно позитивните законски прописи за безбедно станување да предложи до советот на општината да донесе мораториум за градба и издавање дозволи за градба во ризичното подрачје како што се брдата под Трнодол и Жданец.

– Не се согласуват со решението во новиот предлог ДУП за затворање на влезот и излезот на населбата Трнодол кон улица „Козле“ и проектирање на нов влез и излез, преку долот, позади сервис „Тотоле“, преку едниствената улица „Нерешка“ за влез и излез во населба Жданец. Исто така не се согласуваат со решението во новиот предлог ДУП со вцртување на новопроектирана сообраќајница и отворање на
населбата кон „Шпанско село“ и Козле, бидејќи како што велат истото ќе значи зголемување на сообраќајот на моторни возила и градежна машинерија низ самата населба која и така во моментот ги надминува границите на максималниот капацитет.

Воедно тие бараат Општината да го заштити брдото со пошумување, зацврсти со шипови, да го регулира течењето на водите во каналите и заштити од ерозија со ново пошумување.

Во соопштението на жителите на Трнодол се наведува дека исто така не се согласуваат што пред изработка на новиот предлог ДУП не е направена хидролошка студија за водотеците при проектирање на решенија за долот и каналот помеѓу Трнодол и Шпанско село кој, како што велат во дел претставува заштитна поројница и при несоодветни решенија може да дојде до поплавување и поткопување на брдото и дел од населбата Козле.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Уставен суд ја укина Одлуката за суспензија од примена на ДУП во Општина Куманово

Истражување: Дел од општините имаат неважечки Генерални урбанистички планови

A1on

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров