ВИДЕО: Миле Јовановски со адвокат дојде кај Русковска

Од:

Миле Јовановски со адвокатот Сашо Дуковски дојде на распит кај Вилма Русковска за случајот поврзан со Меѓународниот сојуз.

Тој не искоментира ништо пред да влезе во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Подоцна на распит треба да дојде и неговиот син Бојан Јовановски кој со полиција треба да биде спроведен од затворот Скопје во Шутка. На распит треба да се појави и асистентката Христина Блажевска.

Пред нив, исказ дадоа Јасна Мандиќ која беше заменичка на Бојан Јовановски и пратеничката Фросина Ременски која е почесен претседател во сојузот.

Истрагата за овој случај не е завршена, а осомничените минатата недела правеа увид во доказите за да се подготват за давање исказ.

Обвинителството ги сомничи за делата „измама“ и „перење пари“. Адвокатот на Јасна Мандиќ по распитот кај Русковска рече дека таа била донесена во заблуда од Боки 13, а пак, пратеничката Ременски очекува Обвинителството да ја запре постапката против неа.

Русковска најави обвинение за овој случај на почеток од идната година.

Би можело да ве интересира

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог