А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Сервер: Јазикот не може да биде услов за старт на преговорите за членство во ЕУ

by А1он18/12/2019 - 22:03291
Share0

Американскиот политички експерт Даниел Сервер изјави дека ставот на Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик на постои не треба да се земе здраво за готово, укажувајќи дека тоа не треба да биде услов за старт на преговорите за членство во ЕУ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Сервер е професор на вашингтонскиот Универзитет за напредни меѓународни студии „Џон Хопкинс“ и добар познавач на работите на Балканот.

-И што? – одговори тој на барањето да коментира за ставот на БАН дека македонскиот е „писмено-регионална норма“ на бугарскиот јазик.

– Британците никогаш официјално не признале американско-англиски јазик. И што со тоа. Јазикот сè уште постои. Јас секогаш вклучувам суптитли кога гледам телевизиски програми од Велика Британија, изјави тој.

Следете a1on на Youtube YouTube

Додаде дека народите на Балканот треба да продолжат да живеат со тоа.

-Доколку постојат некакви полемики, тие треба да се решат пред самото зачленување, а не пред почетокот на претпристапните прговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави Сервер.

На прашање како ја коментира одлуката Нобеловата награда за литература да биде доделена на Петер Хандке, австриски писател кој го има величено ликот и делото на Слободан Милошевиќ и го негира масакрот во Сребреница, тој изјави дека Нобеловиот комитет ги посрамотил намерите на неговиот основач.

-Какви и да се книжевните остварувања на Хандке, за кои не сум меродавен да судам, нему не требаше да му се додели наградата. И Хитлер создаваше добро сработени документерци, како „Триумф на волјата“, па дали некој би му доделил Оскар?, запраша реторички Сервер.

bugarijaeu

Би можело да ве интересира

Протести во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да станеме цел во туѓа војна“

Горан Наумовски23/07/2026 - 21:34

Бугарскиот парламент одобри распоредување на американски авиони во базата Безмер

Горан Наумовски22/07/2026 - 16:25

Европа останува без пари за Киев

Горан Наумовски19/07/2026 - 19:27

ЕУ: Приватниот капитал е клучен извор на сила и предност во однос на Русија

Горан Наумовски19/07/2026 - 18:12

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Горан Наумовски19/07/2026 - 12:50

Анкара признава: Европската врата за Турција е речиси затворена

Горан Наумовски18/07/2026 - 21:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео